Аудио

7 септември, 2016

„Closer“ на „Чејнсмоукерс“ и Халзи најпопуларна во Британија, Америка и Австралија

Американското диџејско дуо „Чејнсмоукерс“ (The Chainsmokers) во соработка со американската пејачка Халзи (Halsey) оваа недела може да се пофали со најпродаваната нумера во Велика Британија, Америка и Австралија, додека првата позиција на најпродавани албуми ѝ припадна на Барбра Страјсенд.

Иако објавен на крајот на јули, синглот „Closer“ дури сега се искачи  на првата позиција (веројатно благодарение на одличниот настап на неодамнешното доделување на музичките награди за најдобри видео записи на Ем-ти-ви), тргнувајќи ги Џастин Бибер, „Мејџор лејзер“ и данската пејачката Мо со нивната „Cold Water“, која после пет недели на првото место сега се најде на третата позиција.

 

Диџеј Снејк и Џастин Бибер со песната „Let Me Love You“ веќе четврта недела се на втората позиција на британските топ-листи, додека на четвртото место како и минатата недела се најде финалистот од „Британија има талент“Калум Скот, со еден од најпродаваните песни ова лето, „Dancing On My Own“.

Со оваа преработка на песната оригинално отпеана од Робин, младиот пејач беше вистинска сензација на аудициите од минатогодишната сезона на емисијата, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение…

 

На првото место од топ-листите на најпродавани албуми се најде Барбра Страјсенд, за која ова е седмо прво место во кариерата. Нејзиниот 35. студиски албум „Encore: Movie Partners Sing Broаdway“ , на кој легендарната актерка и пејачка пее дуети со холивудски актери како што се Антонио Бандерас, Алек Болдвин, Хју Џекмен, Крис Пајн, Мелиса Мекарти, Џејми Фокс, Сет Мекфарлан, Патрик Вилсон и Ен Хетавеј, оваа недела беше продаден во повеќе од 20.000 примероци.



Врати се горе ↑