13 јули, 2015

„Цимет, портокали и мед“ е новиот видео сингл на „Синестезија“

Летниот сингл на белградската група Синестезија насловен „Цимет, поморанџе и мед“ е третиот видео запис и втор сингл со кој бендот го најавува своето второ студиско издание „Снови о слободи“. Видео записот за оваа песна е плод на уште една соработка на групата со продукцијата „Ен-ен спарк“ (NNSpark), реализиран со актерско-техничката поддршка и несебичната помош на блиските пријатели.

Како и сингловите Идемо даље“ и „Прогноза“, и „Цимет, поморанџе и мед“ е снимена во музичкото ателје „Студио О“ (Дамјан Дашиќ/Оливер Јовановиќ), а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑