4 декември, 2013

„Чвргите“ пеат за најголемиот проблем на мажите: „Вијагра!“

Српскиот ска панк состав „Чврге“ сними видео запис за песната „Viagra“, која е втор сингл од нивниот деби албум „Ska Vulgarismo“. И покрај најавите дека втората тема која ќе добие видео запис ќе биде песната „Радничка“, сепак беше одлучено да се екранизира „Viagra“, чија визуализација беше премиерно претставена на нивната Фејсбук страница во неделата на 1 декеври, во знак на поддршка на Светскит ден за борба против сидата.

„На видео записот работеше бројна екипа составена од наши пријатели и луѓе кои имаа добра волја да ни помогнат. За самата екранизација е заслужен Никола Радојковиќ и неговата продукциска куќа „ЏониЏанки студио“. За креирањето на ликот ’Bad Grandpa Zveky’ со војата шминка е одговорна Милена Ѓориќ, а овој видео запис не би бил реализиран без финансиската помош од аптеката „Павловиќ“ од Пожаревац и нејзината сопственичка Миња Павловиќ. Покрај горенаведените, им се заблагодаруваме и на сите статисти кои на каков било начин го помогнаа ова снимање. Среќни сме шт видео записот испадна токму онака како што беше замислен – комичен и весел, па се надеваме дека со самото тоа ќе го поттикнеме и расположението на сите кои ќе го гледаат.“, велат од групата.

Членовите на групата не го криеја своето незадоволство од ставот на сите телевизиски куќи на кои им го испратија видео записот, па во продолжение Ви го пренесуваме нивното комплетно официјално соопштение во врска со тоа:

„За жал, овој видео запис и пред својата премиера доживеа забрана од страна на телевизиските куќи заработувајќи ја етикетата вулгарен и неморален. Официјалниот став на бендот во врска со оваа етикета која на овој видео запис им ја залепија уредниците и редакциите е следниот: Доколку видео записите на младите турбо-фолк пејачки не ги сметаат за неморални и појавата на разголени девојки која се сведува на маргините на ефтина порнографија ја форсираат во ударни термини, а самата ерекција кај мажот како природна појава ја сметаат за неморална, ние како бенд нема ни да го цензурираме рокенролот, бидејќи така би станал обично мејнстрим ѓубре! Да живее алтернативата!“

 



Врати се горе ↑