Балкан Cvrge 2

9 август, 2013

„Чврге“ го претставија својот деби албум „Ska Vulgarismo“

Српскиот ска-панк состав „Чврге“ го објави своето дискографско првенче насловено „Ska Vulgarismo“, а бесплатно можете да го симнете од нивната веб страна www.cvrge.com.

Приказната за бендот започна кон крајот на 2011 година, а неколку месеци по основањето составот постигна голем успех со првиот видео сингл „Сајбер курајбер“. По неколку фестивалски настапи, продолжија со работа на авторски материјал. Пролетва, со неколку измени во составот, момците влегоа во студио и го снимија својот прв студиски албум насловен „Ska Vulgarismo“. Со ска-панк ритам, сите осум нумери од изданието се карактеризираат со шеговити текстови во кои се обработени многу девијации на денешното општество.

 

Бендот е составен од Даниел Звеки Паниќ (вокал), Миодраг Миловановиќ (гитара), Петар Маринковиќ (гитара), Никола Цвијановиќ (бас гитара), Јован Дамњановиќ (труба) и Марко Пајкиќ (тапани). Според зборовите на Паниќ, Чврге наскоро планираат да снимат уште еден видео запис, како и концертна промоција на албумот во Србија и регионот.



Врати се горе ↑