28 април, 2015

„Чврге“ го објавија макси синглот „Свакидашња журка у мом граду“

Ска-панк составот „Чврге“ штотуку го објави макси синглот насловен „Свакидашња журка у мом граду“, под етикетата на издвавачката куќа „Слушај најгласније“. Изданието, кое го наследува успешниот албум првенец „Ска вулгаризмо“ до 2013 година, содржи три нумери „Свакидашња“, „Журка“ и „Мој град“, во кои „Чвргите“ останаа верни на ска-панк звукот и специфичниот текстуален израз, кој се наметна како заштитен знак на бендот од Пожаревац. „Свакидашња журка у мом граду“ може бесплатно да се симне од веб страната на бендот www.cvrge.com, а за љубителите на носачот на звук достапна е и на цеде издание.

Не запостававувајќи ги другите две нумери, Звеки и екипата во овој момент одлучија акцентот да го стават на песната „Мој град“, во која јасно и гласно укажуваат на девијантноста на нашето општествто, прикажувајќи го преку призмата на родниот Пожаревац. Оваа триминутна критичка мисла е спакувана заедно со ефектен видео запис за чија реализација беше задолжена продукцијата „МС плеј“, на чело со Младен Стојановиќ.

Познати како одлични изведувачи во живо, „Чвргите“ продолжуваат со концертните активности, а сите детали за нивните настапи можете да ги надете на нивната фан страница на Фејсбук, како и на нивната веб страна.

www.facebook.com/bandCvrge

www.cvrge.com



Врати се горе ↑