Аудио

14 декември, 2017

Чола има „Куќа полна народ“

Здравко Чолиќ ги израдува своите обожаватели со нова нумера. Станува збор за песната „Кућа пуна народа“, што ќе се најде на новиот студиски албум со наслов „Оно мало среће“, кој ќе биде пуштен во продажба в петок, 15 декември. Автор на стиховите е неговиот хрватски колега Златан Стипишиќ – Џибони, а продукцијата на долгогодишниот соработник и продуцент на целиот албум, Никша Братош.

Песните од ова 15. по ред, студиско издание на Чола, кои ќе започнат со испишување на некои нови антологии ги следат врвни аранжмани, а заедно со него ги потпишуваат значајни регионални автори како што се: Момчило Бајагиќ – Бајага, Џибони, Златан Фазлиќ, Антонија Шола, Сандра Сагена, Александар Сретеновиќ, Дамир Арсланагиќ, Маја Сар и Мирослав Рус.

Посебен придонес на албумот дадоа и гостите Теодосиј Спасов, светски признат кавалист, Матија Дедиќ, Дејан Петровиќ со биг-бендот и Александар Бањац. Албумот е снимен во студијата „РСЛ“ во Ново Место и „НБ“ во Загреб. Миксот е работен во Прага, во студиото „Соно рекордс“, во кое, меѓу другите, снимале и миксале Дејвид Боуви, Џос Стоун, „Џипси кингс“, „Назарет“, Џулијан Ленон, Мајк Стер… додека мастеригнот е работен во Лондон.

Оно мало среће“, по којзнае кој пат ќе го потврди статусот на Чола како миленик на публиката и волшебник од чија музичка работилница произлегуваат вечни хитови, безвременски песни кои ќе ги следат долги и гласни аплаузи.

Извор: РТС.рс



Врати се горе ↑