Балкан

10 мај, 2018

Чола ѝ посвети песна на сопругата – „Тебе те чувам за крај“

Здравко Чолиќ го објави видеото за песната што ѝ ја посвети на својата сопруга, а во која за првпат не се појавува ниту една женска личност. Екранизацијата за темата насловена „Тебе чувам за крај“ се снимаше во Лисабон, а Чола објасни зошто ја одбрал токму таа локација.

„Имав идеја спотот да се снима во Лисабон и со оглед на музиката, режисерот и јас размислуваваме за тоа. Жанрот на песната е таков што тоа е еден вид на салса, асоцира малку на фадо и латино-музика, некоја Португалија, некој полубразилијано и конечно изборот падна на Лисабон“, открил музичарот, кој во видеото има улога на лутачки фотограф што прави колаж од фотографии.

Склопувајќи ги во мозаик, а барајќи ја вистинската фотографија што ќе ја склопи мапата, Здравко публиката на крај ја доведува до финалната фотографија и ја открива жената што ја чува за крај – неговата сопруга.



Врати се горе ↑