Балкан ziri xfa

3 март, 2015

Членовите на жирито на „Х фактор“ се дружат и зад камерите

Снимањето на аудициите од втората сезона на регионалниот натпревар „Х фактор“ започна пред неколку дена во Угриновци, а жирито одлично се согласува уште на самиот почеток на проектот, дури и зад сцената. Додека натпреварувачите се подготвуваат за настап и се обидуваат да ја разбијат тремата со песна и гитара, жирито ужива во дружењето. Освен што заедно одлучуваат за судбината на натпреварувачите, Александра Ковач, Масимо Савиќ, Тончи Хуљиќ и Жељко Јоксимовиќ поминуваат време заедно и зад сцената, се дружат и одат на ручек.

Како што на натпреварувачите им е потребно присуството на семејството и пријателите за да им ја намалат тремата, истата „помош“ ја бараат и членовите на жирито. На Александра и Масимо поддршка им даваат сопружниците, Жељко го бодрат сопругата Јована Јоксимовиќ и ќерката Мина, додека на Тончи редовно му се јавува сопругата.

Да потсетиме, во новата сезона на „Х фактор Адрија“, која е прв голем проект на новата продукција „Конект лајв медија“ (Connect Live Media), нè очекуваат голем број новитети, бидејќи шоуто конечно го доби вистинскиот регионален карактер што го заслужува. Покрај тоа што ќе се емитува во дури 5 земји од регионот: во Србија и Црна Гора за прв пат на телевизијата „Прва“, во Хрватска на „Ер-те-ел“, во Босна и Херцеговина на две телевизии – „РТРС“ и „РТВФ“, а во Македонија повторно на „Сител“, пролетва ќе уживаме со одлични кантитати со специфични животни приказни и водителите Антонија Блаќе, Александар Радојчиќ и Снежана Велков.



Врати се горе ↑