15 октомври, 2014

„Чиста сметка, долга љубов“ е првиот сингл на „Барбарела“

Составен од познати македонски музичари, бендот „Барбарела“ деновиве го издаде својот прв сингл „Чиста сметка, долга љубов“, како најава за она што допрва ќе следува од овој музички проект. Дел од бендот се Александар Ристовски Принц (гитара и вокал), Дарко Тасев (гитара), Виктор Филиповски (тапани) и Јане Тодороски (бас).

„Проектот ’Барбарела’ во овој состав функционира од ноември 2013 година. Причината што дури сега, цела една година по формирањето на бендот го објавуваме првиот сингл ’Чиста сметка, долга љубов’, е тоа што напорно се работеше на материјалот кој допрва треба да излезе . Има повеќе од дваесет авторски песни, дел од нив се нови, а дел и се веќе познати на публиката (песните од Принц), но се со нов аранжман и приспособени за изведување во живо со две гитари, бас и тапани, бидејќи тоа е и целта на секој еден бенд“, изјавија од „Барбарела“ за Радио МОФ.

Името на бендот доаѓа од СФ филмот „Барбарела“ на Роџер Вaдим со Џејн Фонда, кој официјално излезе на 10 октомври 1968 година.  Видеото со новиот сингл на „Барбарела“ можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑