Галерија 21369181_148333795761817_2765039876064264546_n

9 септември, 2017

Четврт викенд на „Супер Скопје“

Големата летна забава „Супер Скопје“, која се одржуваше во текот на претходните три викенди, продолжи и овој викенд, на Боемска улица. Вчеравечер забавата започна  во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски, а продолжи со настапите на групите „Синтезис“ и „Фолтин“. Бината е поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата „Канцеларија“.

21462935_148333859095144_3024775888982709047_n

 

Денес пак, 9 септември, присутните ќе ги забавуваат во 21 часот Нино Величковски и Тамбурашите, а ќе продолжат „Љубојна“ и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „Кај Перо“ и „Идадија“.

21433165_148333605761836_6149667021745365275_n

Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје, кои како најупатени директно беа инволвирани во изборот на изведувачите кои ќе настапуваат на соодветните локации. Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

21371337_148333685761828_1560029327958448213_n

За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.

21314699_147657279162802_4705259050272311695_n

 

Извор: Курир / Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑