Настани Vladimir Cetkar

2 август, 2013

Четкар за 2 Август на Метрополис Плажа во Охрид‏

Владимир Четкар и ова лето ужива во родниот Охрид, а по настапот за јубилејот на култниот Аквариус, познатиот музичар со својата музика ќе разубави уште еден јубилеј. Станува збор за плажата Метрополис која го слави својот својот четврти роденден, а на настапот кој ќе започне во 22 часот, Четкар ќе биде придружуван од Ѓоко Максимовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.

Метрополис се наоѓа пред хотелот Силекс, а влезот за овој настан е бесплатен.



Врати се горе ↑