Концерт вч

15 јули, 2016

Четкар со роденденски концерт во Охрид

Популарниот македонски џез музичар, Владимир Четкар, в недела ќе настапи во својот роден Охрид. Четкар ќе свири со својот секстет во клубот „Аквариус“, за роденденската забава по повод 25 години постоење на клубот. Заедно со него на сцената се и Филип Стевановски на тромбон, Демир Кантуровски на труба, Борислав Веселинов – тенор саксофон, Дионис Стратов на бас и Виктор Филиповски на тапани.

На почетокот на месецов, Четкар одржа концерт во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид, на манифестацијата „Бело лето“, со која Охрид го најави почетокот на туристичката сезона.



Врати се горе ↑