Македонија 4. Vladimir Cetkar

18 март, 2015

Четкар со настапи во Њујорк и Чикаго

Владимир Четкар на 4 април (сабота) во 21 часот ќе настапи во познатиот њујоршки концертен клуб „Дром“ (DROM), како лидер на септет. Таа вечер Четкар во Њујорк официјално ќе го промовира албумот „Heavenly“, а ќе биде придружуван од Алберт Лусинк на труба, Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Кори Волис на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Стју Махан на бас и Ник Фалк на тапани. Ова ќе биде трето враќање на Четкар во њујоршкиот „Дром“.

Пред овој концерт Четкар ќе настапи и во Чигаго во „Лејдибаг букстор кафе“ (Ladybug Bookstоre Cafe) каде на 21 март (сабота) во 22 часот ќе се претстави во помал состав (трио),  а ќе биде придружуван од Ендрју Грин на тапани и Тим Ипсен на акустичен бас.



Врати се горе ↑