Настани Cetkar2

25 јули, 2014

Четкар со настап во македонскиот Сен Тропе, Трпејца

Утревечер (26 јули)  Владимир Четкар ќе настапи во македонскиот Сен Тропе, Трпејца, на можеби најромантичното место на целото Охридско крајбрежје К’Ј ВАСУКУ, кое се наоѓа  непосредно до волшебното селце на страната која гледа кон Охрид. На овој несекојдневен настан Четкар ќе настапи заедно со Оливер Јосифовски на контрабас.

Локацијата на К’Ј ВАСУКУ со својата драматична убавина, кристално чиста езерска вода и беспрекорна музичка програма ќе направи овој настан да ви ги задоволи сите сетила и Охридското крајбрежје да го доживеете на еден сосема нов начин и дефинитивно повторно да се вљубите во него. Настапот ќе почне во 17 часот.



Врати се горе ↑