Македонија

24 јануари, 2018

Четкар со концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд

…во некои од најпрестижните американски џез и блуз клубови

По неодамнешниот успешен концерт во Скопје, кој беше во организација на „Три гонга“, Владимир Четкар замина за САД каде го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд.

На 31 јануари, среда, Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во прочуениот њујоршки клуб „Би-Би Кинг блуз клаб“, каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.Четкар во „Би-Би Кинг“ ќе настапи во Лусилс (Lucille’s)која е помалата сцена во клубот.

 

На 2 февруари, петок, Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо во клубот „Најт-таун“кој според магазинот „Даун бит“ е еден од водечките џез-клубови во светот, а наредниот ден (сабота, 3 февруари) ќе одржи концерт во Детроит, во џез-клубот „Џез-кафе Детроит“кој се наоѓа во историскиот Мјузик хол.

На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.



Врати се горе ↑