Македонија 5 (1)

22 август, 2016

Четкар со концерти на џез фестивали во Хонг Конг, Кина и Јужна Кореја

На 14 септември, со концерт на Меѓународниот џез фестивал во Хонг Конг (Hong Kong International Jazz Festival), на Владимир Четкар му започнува првиот дел од големата азиска турнеја. После Хонг Конг, тој патува за Кина каде на 15 и 17 септември ќе настапи на џез фестивалот во Баодинг и на џез фестивалот „Беишан“ во Зухаи (Beishan Jazz Festival).

Турнејата од Кина продолжува во Јужна Кореја, каде на 1 октомври ќе настапи на еден од најголемите и најпопуларни џез фестивали во Азија и светот, „Јарасум џез фестивал“ (Jarasum Jazz Festival) а наредниот ден ќе одржи концерт во Сеул, на музичкиот фестивал „Чангичеон“ (Chunggye-cheon World Music Festival). Владимир Четкар на концертите ќе биде придружуван од македонски, американски, германски и хонг-конгшки музичари. Азиската турнеја е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.



Врати се горе ↑