Македонија Vladimir Cetkar2

2 декември, 2014

Четкар со концерт во Вермонт, САД

Денеска, 2 декември, Владимир Четкар ќе одржи целовечерен концерт во државата Вермонт во САД во Универзитетот „Норвич“, кој е најстарата приватна Воена Академија во САД. Армијата на Република Македонија и Националната Гарда на Вермонт имаат одлична соработка повеќе од 15 години и настапот на Четкар ќе ја симболизира благодарноста на македонскиот народ до американскиот, а на концертот ќе бидат поканети гувернерот, сенаторите и конгресменот од оваа сојузна држава во САД.

Македонскиот универзитет „Св. Апостол Павле“ веќе три години прави размена на студенти со Воената Академија „Норвич“, а од идната година таму Воената Академија од Македонија ќе упатува свои кадети. Во иднина со Универзитетот „Норвич се планира и заедничка настава на постдипломските студии на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Четкар ќе настапи со авторска програма, а ќе биде придружуван од Ник Фалк на тапани и Брајан Лeд на бас гитара.

 



Врати се горе ↑