Концерт 12289630_10153634788058819_8849791782701654892_n

3 декември, 2015

Четкар со концерт во Скопје и промоција на соработката со Боб Синклар и Димитри фром Париз‏

Владимир Четкар ќе одржи концерт во Скопје во ноќниот клуб „Миднајт“ овој петок, 4 декември, во 23 часот. Настанот е подржан од Амстел, a се одржува непосредно пред заминувањето на македонскиот џез, соул и фанк музичар во САД  каде го очекува турнеја и студиски снимања. На концертот во Скопје овој петок Четкар ќе биде придружуван од Сенад Усеин на труба, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Дионис Стратров на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Уште една информација поврзана со Четкар е тоа дека неодамна на светскиот музички  пазар се промовираше заедничкиот сингл „Love Is The Answer“ на светски прочуените француски диџеи и продуценти Боб Синклар и Димири Фром Париз, каде Четкар беше задолжен како аранжер на оркестралните секции.

 


Врати се горе ↑