Македонија Vladimir Cetkar2

23 февруари, 2016

Четкар со концерт во прочуениот блуз клуб „Би-Би Кинг“

Во петок, 18 март, Владимир Четкар ќе одржи концерт во светски прочуениот блуз клуб „Би-Би Кинг“ во Менхетен, Њујорк. Во клубот „Би-Би Кинг“, кој е лоциран на Тајм сквер, редовно настапуваат најзвучните имиња во светот на соул, блуз, фанк, џез и ар-ен-би музиката како Шака Кан, „Инкогнито“, Бутси Колинс, Принс, „Висперс“, Џорџ Клинтон и т.н. Четкар ќе настапи на сцената „Лусил“, именувана по гитарата на легендарнот блуз гитарист Би-Би Кинг и ќе се претстави со авторска музика и сопствени аранжмани.

Меѓу концертите на македонскиот гитарист, вокалист, композитор и аранжер во минатото се вбројуваат и некои од најпознатите џез фестивали и клубови во Њујорк, Лос Анџелес, Лондон, Бостон, Вашингтон, Будимпешта и т.н., како џез фестивалот „Блу ноут“, џез клубот Блу ноут, фестивалот „Сигет“, „Иридиум“, „Каталина џез клуб“, „Регатабар“, „Блуз ели“, Карневалот во Дебрецен, „Пица експрес сохо џез“, „Нишвил џез фестивал и т.н.

На сцената во клубот „Би-Би Кинг“ ќе биде придружуван од Алберт Лусинк на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Кори Вилис на тромбон, Мото Фукушима на бас, Владан Мијатовиќ на клавијатури и Џефри Фахардо на тапани.

Билетите за овој концерт се пуштени во продажба преку официјалниот сајт на клубот.

 



Врати се горе ↑