Македонија Cetkar 99

21 ноември, 2013

Четкар со концерт во македонската амбасада во Вашингтон

Овој петок (22-ри ноември) во македонската амбасада во Вашингтон во пресрет на големиот американски празник Ден на благодарноста ќе се одржи традиционалниот 4-ти по ред настан „Благодарност од македонскиот народ до американскиот народ“. Оваа година честа да нaстапи ќе ја има Владимир Четкар, кој ќе се претстави со целовечерен концерт и авторска програма, а ќе биде придружуван од Марк Блеквуд на бас гитара и Натаниел Грахам на тапани.

Меѓу гостите кои ќе присуствуват на овој настан ќе бидат повеќе претставници на сенатот и конгресот, бизнис заедницата и дипломатскиот кор, меѓу кои и поранешните амбасадори на САД во Македонија Филип Рикер и Лоренс Батлер.



Врати се горе ↑