Концерт 15094867_10154589494263819_1379849065829894866_n

28 ноември, 2016

Четкар со декемвриска турнеја од Македонија до Индија

Турнејата на Четкар ќе започне од Скопје, каде тој на 30 ноември, среда, во 19.30 часот ќе настапи во ресторанот ‘FOUR’ во новиот хотел „Парк хотел и спа“, на настанот „Вино и задоволство“, организиран од винаријата Тиквеш.

На 2 декември, Четкар ќе настапи во народниот театар во Битола, по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент, а наредниот ден македонскиот џез, соул и фанк артист патува за Малезија, каде на 4 декември ќе го затвори најпознатиот малезиски џез фестивал „Пенанг ајланд џез фестивал“.

На 10 декември Четкар ќе одржи концерт во Куала Лумпур, а на 12 декември ќе го отвори интернационалниот џез фестивал во Пном Пен, Камбоџа, каде ќе се претстави пред кралското семејство и димпломатскиот кор на земјата.

на 23 и 24 декември Четкар ќе одржи 2 концерта во Мумбаи, Индија, од кои настапот на 24 декември ќе биде на главната сцена на „Муд Индиго“, најголемиот колеџ фестивал во цела Азија.

 

 



Врати се горе ↑