Галерија With Dimitri

28 октомври, 2013

Четкар снима видео запис во Менхетен

Нашиот познат џез музичар Владимир Четкар деновиве снима видео запис во Менхетен, Њујорк, а како гостин се појавува интернационалната супер ѕвезда, францускиот диџеј и продуцент Димитри фром Париз, со кој Четкар соработува на неговиот нов албум. Како што јавуваат од неговиот менаџмент, видео записот ќе биде готов до крајот на ноември, по што ќе следува неговат светска промоција заедно со новиот албум на Четкар. Интересот за неговите нови материјал е огромен и при крај се преговорите со неколку светски продуцентски куќи кои ќе го промовираат новото издание.

Додека очекуваме нови информации, погледнете фотографии од снимањето на новиот видео запис и уживајте со последниот сингл „Lucky Pair“, кој Четкар го претстави летово.

 

 



Врати се горе ↑