Македонија

31 мај, 2019

Четкар снима ново видео во Њујорк и во Охрид

Владимир Четкар периодов е мошне зафатен со концертни промоции на новиот албум „Going Home“, но сепак одвои време да сними и ново видео, и тоа за насловната тема од изданието. Соодветно со самиот наслов, дел од кадрите се снимаа токму во родниот Охрид, а дел на Менхетен во Њујорк, каде што музичарот живее и работи веќе подолго време.

Како и за претходните три видеа, Четкар и овој пат соработува со Борче Димоски, а крајниот резултат ќе го видиме при крајот на јуни.

What a special day! Creating something extra beautiful with my main man Borche Dimoski! Stay tuned <3

Gepostet von Vladimir Cetkar am Dienstag, 28. Mai 2019

 

Во меѓувреме Четкар патува за САД, каде викендов ќе одржи два концерта во Детроит и Кливленд. Утре, на 1 јуни, Владимир Четкар ќе настапи во Детроит во џез-клубот „Аретас“ (Aretha’s Jazz Club) во историскиот „Детроит мјузик хол“, додека на 2 jуни, недела, Четкар патува за Кливленд каде ќе одржи концерт во „Боп-Стоп“, водечкиот џез-клуб во Охајо.

Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во јули.



Врати се горе ↑