Македонија Vladimir Cetkar (Photo by Durwood Mark Collier)

26 јануари, 2015

Четкар се враќа во светската престолнина на џезот

Оваа сабота, 31 јануари, на полноќ Четкар ќе одржи концерт во Менхетен, Њујорк во „Блу ноут“ или, како што го нарекуват, „светската престолнина на џезот“. Овој концерт е организиран од страна на програмскиот директор на „Блу ноут“, а на македонскиот фанк, соул и џез музичар ќе му биде седмо гостување во ова легендарно место.

Освен „Блу ноут“, Владимир Четкар има повеќе пати настапувано и во останатите најзначајни џез места во САД како што се „Иридиум“ на Бродвеј (Њујорк), „Регатабар“ во Бостон, „Блуз ели“ во Вашингтон и „Каталина џез клуб“ на булеварот „Сансет“ во Лос Анџелес.

Музичката програма  таа вечер ќе биде комплетно авторска, а Четкар ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба и флугелхорн, Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани.



Врати се горе ↑