Македонија Java Jazz Cetkar-Corea

19 јануари, 2017

Четкар рамо до рамо со Чик Кореа

Настапот на Четкар на еден од најголемите музички фестивали во светот, „Џава џез фестивал“ во Џакарта предизвика голем интерес во Индонезија и пошироко откако фестивалот на својата официјална веб страна (www.javajazzfestival.com) ударно го најави концертот на македонскиот џез, соул, фанк артист рамо до рамо со музичката легенда Чик Кореа.

Издвојувањето на концертот на Четкар од  исклучително богатата музичка програма на фестивалот „Џава“ воедно претставува оргомно признание за неговата музика и кариера, особено што на фестивалот оваа година ќе настапат голем број на интернационални музички ѕвезди меѓу кои Чик Кореа, Ричард Бона, Инкогнито, Ди Ди Бриџвотер, Артуро Сандовал. Дејв Векл, Нејтан Ист, Харви Мејсон, Серџио Мендез, Стенли Џордан, Бебел Жилберто и многу други имиња.



Врати се горе ↑