Македонија VC1

19 јануари, 2015

Четкар по седми пат во „Блу ноут“ во Њујорк

Едно од најпроминентните радија во Франција и Европа, „Женерасјон радио“/ (Generations.fr)  од Париз, кое е посветено за хип-хоп, ар-ен-би, соул и фанк музика, во неделата (18 јануари) во 20 часот во емисијата „Гуд тајмс“ (Good Times) презентираше музика од Владимир Четкар, а зборуваше и за неговото потекло и неговиот музички пат.

Четкар во моментов се наоѓа во Њујорк каде во сабота, 31 јануари, ќе одржи концерт во светски прочуениот „Блу ноут во Менхетен, каде што се враќа по седми пат, а ќе се претстави како лидер на бендот, гитарист, вокалист и композитор-аранжер.

Четкар во „Блу ноут“ ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани.



Врати се горе ↑