Македонија 394886_10152400790410043_135804498_n

22 февруари, 2013

Четкар по петти пат го освојува Менхетен

Нашиот познат џез музичар Владимир Четкар по петти пат ќе настапува во клубот кој го нарекуваат „Светската престолнина на џезот“Блу Ноут на Менхетен. Настапот е закажан за 8-ми март, а Четкар на сцената ќе го придружуваат Мотохито Фукушима (бас), Милан Милановиќ (клавир) и Џефри Фахардо (тапани).

Како гостин на концертот, кој ќе започне на полноќ, ќе настапи и легендата на Казабланка Рекордс и диско музиката Ди Си Лару, кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит „Катедрали“. Истиот ден во Блу Ноут ќе настапат и музичките џез, фанк икони, Крусejдерс и тоа со славната стара постава (Џо Семпл, Вејн Хендерсон и Вилтон Фелдер) препознатливи по мега хитот „Street Life“ што таа вечер треба да го исполни соул дивата Ренди Крафорд. И тоа не е се, бидејќи никогаш не се знае кој ќе ја изненади публиката и спонтано ќе се качи на сцената како што тоа неодамна го направи и Џон Мејер.

 



Врати се горе ↑