Македонија 2

30 април, 2013

Четкар настапи на настан посветен на македонската археологија во Њујорк

Синоќа во Скандинавската куќа (Scandianvian House) на Парк Авенијата во Њујорк се одржа настан посветен на македонската археологија, на кој предавање одржа археологот проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет од Скопје, а се обрати и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска. На настанот кој беше организиран од страна на Археолошкиот институт на Америка и Министерството за култура на Република Македонија, како дел од музичката програма настапи и познатиот македонски џез музичар Владимир Четкар во придружба на Мото Фукушима (на бас) и Николас Фалк (на тапани).

www.archaeological.org



Врати се горе ↑