Македонија Heavenly - Vladimir Cetkar

1 април, 2013

Четкар најави нов сингл за 5-ти април

Со огромно задоволство Ве информираме дека овој петок (5-ти април, 2013) Владимир Четкар ќе го промовира новиот сингл „Heavenly“ со кој се најавува новиот албум. Синглот ќе биде пуштен исклучиво во дигитална продажба ( iTunes, Amazon,  Spotify, Soundclud, CDBaby и т.н. ) сè до промоцијата на новиот албум ова лето кога ќе се најде на носач на звук.

Во „Heavenly“  Четкар се наоѓа во улога на комплетен автор и изведувач или поконкретно како композитор, продуцент, аранжер-оркестратор-диригент, текстописец, вокалист и гитарист. Песната „Heavenly“ како и останатите музички материјали кој ќе се најдат на новиот албум се снимани со комплетна жива интструментација (гудачка, дувачка и ритам секција) без употреба на ниту еден семпл во студиото Дабвеј во Менхетен, Њујорк.

Заедно со синглот ќе биде промовирано и видео каде публиката делумно ќе може да го види процесот на снимањето на „Heavenly“ кој денеска за жал претставува вистинска реткост и музички занает во исчезнување.
 

 



Врати се горе ↑