Македонија DSC_5268

28 февруари, 2017

Четкар на турнеја во Индонезија и Тајланд

Владимир Четкар на 3 март ќе настапи на џез фестивалот „Џава“ во Џакарта, еден од најголемите и најпрестижните интернационални џез фестивали во светот. Четкар ќе настапи на една од главните сцени. а ќе биде придружуван од македонски, американски и тајландски музичари или конкретно од Филип Стевановски на тромбон, Коди Роландс на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Супакит Фоганакит на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

После Индонезија, Четкар ќе продолжи со турнејата во Тајланд, каде ќе одржи два концерта, еден во Бангкок на 12 март во познатиот џез клуб „Џез суши“, а другиот на 18 март во музичкиот фестивал „Патаја“.



Врати се горе ↑