Македонија 1-india%2c-mumbai-cetkar

4 јануари, 2017

Четкар на најголемиот музички фестивал во јужната хемисфера

Владимир Четкар ќе биде првиот македонски музичар кој на 3 март, 2017 ќе настапи на еден од најпрестижните џез фестивали во светот, „Џава џез фестивал“ во Џакарта, Индонезија кој е најголемиот во јужната хемисфера. На овој фестивал редовно настапуваат најпопуларните музички имиња како Стинг, Џорџ Бенсон, Стиви Вондер, Херби Хенкок, Џон Леџенд, Шака Кан, Џејми Кулум, Пети Оустин, Карлос Сантана, Ентони Брекстон, „Кул енд д генг“, Чик Кореа, „Инкогнито“, „Мецофорте“, Ли Ритенор, Ди-Ди Бриџвотер и многу други.

2-india%2c-mumbai-cetkar

Четкар на фестивалот „Џава“ ќе се претстави на една од главните сцени со своја авторска музика. Од неодамна македонскиот џез, соул и фанк артист се врати во Македонија од турнејата во Малезија, Камбоџа и Индија каде настапи на тамошните најзначајни џез музички фестивали и за истите доби одлични критики во националните медиуми во Југоисточна Азија и Индија додека неговиот концерт во Бомбај беше најавен и во најпродаваниот дневен магазин на англиски јазик во светот, „Тајмс оф Индија“ како настап кој на индиската публиката ќе ја вчудоневиди и остави без зборови!

times-of-india-_-bombay-times



Врати се горе ↑