Македонија TV Intervju - 1

16 март, 2017

Четкар на национална телевизија во Тајланд и соработка со познати азиски музичари

Деновиве Четкар се наоѓа во Тајланд, каде неодамна настапи во Банкок, на чиј концерт му гостуваше саксофонистот Кох Мистер Саксман’, кој е еден од најпознатите џез музичари во Тајланд и Југосточна Азија.

TV Intervju - 3

Покрај настапите, Четкар во Тајланд снимаше и емисија за националната телевизија „Брајт ти-ви“ (Bright TV), која ќе се емитува во почетокот на април. Емисијата ја водат популарните тајландски шоумени, Синчерон Брадрс и е посветена за музиката на Четкар и за животот во Македонија и Њујорк.

TV Intervju - 2

Пред да дојде во Тајланд, Четкар со својот септет настапи во Џакарта, Индонезија на еден од најголемите џез фестивали во светот, „Џава џез фестивал“.

1. Java Jazz Festival



Врати се горе ↑