Аудио ss-vc

2 септември, 2016

Четкар на компилација на британски „Соул срвајврс“

 

Водечкото британско списание за соул музика, „Соул срвајврс“ (Soul Survivors), по повод својот 10-годишен јубилеј издаде компилација на која, покрај некои од најзвучните светски имиња во соул, џез и фанк музиката, како што се „Инкогнито“, „Фетбек бенд“, Бил Кртис, Лирој Брџeс, Шаламар, Омар итн., се најде и темата „In The Open Space“ на Владимир Четкар.

Screen-Shot-2016-08-09-at-11.27.15Фотографија: www.thesoulsurvivorsmagazine.co.uk

Компилацијата е издадена од престижната британска музичка куќа „Експеншн рекордс“ (Expansion Records). 

Во неодамнешната рецензија за оваа компилација, „Соник соул“ (Sonic Soul) од Германија го опишуваат Владимир Четкар како долгогодишен фаворит и музички избор со кој нема промашување.

Музичарот наскоро ќе ја започне својата голема азиска турнеја, во чии рамки ќе настапи на џез концерти во Хонг Конг, Кина и Јужна Кореја, но пред тоа, на 6 септември (вторник), Четкар уште еднаш ќе одржи концерт пред домашната публика, во кафулето „Круг“ во Скопје.



Врати се горе ↑