Македонија Vladimir Cetkar2

12 април, 2014

Четкар на Блу Ноут Џез Фестивалот во Њујорк

Нашиот светски познат џез музичар Владимир Четкар на 20 јуни ќе настапи на престижниот Блу Ноут Џез Фестивал во Њујорк (линк до најавата). На овогодинешното издание на фестивалот кој ќе се одржува на повеќе локации низ Менхетен ќе настапат музички легенди како Арета Френклин, Мајкл Болтон, Боби МекФерин, Реџи Вотс, Маркус Милер, Ди Ди Бриџвотер, Данило Перез, Џон Патитучи и многу други.

Четкар на Блу Ноут Џез Фестивалот ќе се претсатави како лидер на бенд, вокалист и гитарист со комплетна авторска музичка програма.



Врати се горе ↑