Концерт

19 јануари, 2019

Четкар на 23 јануари во „Станица 26“

На 23 јануари (среда) во 21.30 часот, Владимир Четкар ќе одржи концерт во Скопје во „Станица 26“. Со овој концерт пред македонската публика Четкар за првпат ќе се претстави со 10-то член состав наречен „Владимир Четкар џез-соул-фанк ансамбл“

Четкар на концертот ќе биде придружуван од: Сара Николовска, Ана Костадиновска, Демир Кантуровски, Игор Величковски, Филип Стевановски, Гордан Спасовски, Ѓоле Максимовски, Ратко Даутовски и Виктор Филиповски. 

Овој концерт, како и минатогодишниот концерт на Четкар во „Станица 26“, е организиран од страна на „3 Гонга“, а влезниците можете да ги набавите преку продажните мрежи на „Карти“ и „Купи карти за сè“.

 



Врати се горе ↑