Македонија With Dimitri

23 јануари, 2014

Четкар меѓу најдобрите странски артисти

Според светски прочуениот диџеј и продуцент Димитри Фром Париз, Владимир Четкар е еден од од најдобрите странски артисти во 2013! Еве ја листата која Димитри неодамна ја презентираше на познатата јапонска музичка страна и продавница Џет Сет Рекордс.

„Долгогодишниот пријател и музички Маестро од Македонија виа Њујорк конечно го издаде неговото ремек-дело. Ова е уште еден доказ дека ако се вложи време и труд, диското сè уште може да се продуцира денес со фантастичен жив звук.“ – пишува познатиот продуцент, а листата можете да ја видите на следниот линк www.jetsetrecords.net

На почетокот на годинава Четкар го претстави својот нов видео запис за темата „Heavenly“, а доколку не сте го погледнале до сега, тоа можете да го направите во продолжение.

 



Врати се горе ↑