Македонија 12990858_10153980119443819_3199287269208842327_n

19 мај, 2016

Четкар концертно во Кливленд, Колумбус и Бостон

Во месец јуни, Владимир Четкар ќе одржи концерти во Кливленд, Колумбус и Бостон во неколку престижни џез клубови, кои според списанијата за музика и популарна култура, „Даунбит магазин“ (DownBeat Magazine) и „Ролинг стоун“, се едни од водечките џез клубови во светот.

На 9 јуни, четврток, во Кливленд, Охајо Четкар ќе дебитира во „Најт-таун џез клаб“ (Nighttown Jazz Club), додека во петок, 10 јуни, Четкар ќе одржи концерт во Колумбус, Охајо во „Копиус ноутс“ (Copious Notes). На 18 јуни, пак, во сабота, македонскиот џез, соул и фанк музичар после 5 години се враќа со концерт во Бостон во „Регатабар“ (Regattabar).

На сите концерти тој ќе се претстави со своја авторска музика и аранжмани, а ќе настапи со својот септет. Овој петок, во организација на Амстел, Владимир Четкар ќе одржи концерт „после работа“ во Скопје во „Цреша бар“.



Врати се горе ↑