Македонија kaneo

27 октомври, 2014

Четкар ќе соработува со Боб Синклaр и Димитри фром Париз

Владимир Четкар ќе соработува на новиот проект на Боб Синклaр и Димитри фром Париз, јавуваат од менаџментот на познатиот џез музичар. Проектот е на светскиот суперстар Боб Синклaр, Димитри фром Париз се јавува како продуцент и ремиксер, а Четкар како аранжер и оркестратор на живите музички секции. Оваа соработка за Четкар е уште еден голем успех и соработка на интернационалната музичка сцена.

До оваа соработка дојде отако Боб Синклaр го слушна новиот албум на Четкар, кој во Македонија ќе дојде многу наскоро (во ноември) и комплетно воодушевен, самиот посака да го вклучи во неговиот нов проект.



Врати се горе ↑