Македонија 7

10 септември, 2015

Четкар ќе промовира нов видео запис

Владимир Четкар викендов ќе го промовира новиот музички спот за песната „Time Goes By“, која се наоѓа на неговиот втор студиски албум „Heavenly“. Видео спотот е сниман на некои од најшармантните локации на Менхетен, Њујорк и е во режија на Боби Дојчиновски.  Песната „Time Goes By“ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во познатото њујоршкото студио „Dubway Studios“.

Веднаш потоа Четкар заминува во САД каде има концерти во Детроит во петок, 18 септември во „Music Hall Jazz Cafe“ и Чикаго во сабота, 19 септември во „BAR 63“. На концертите Четкар ќе биде придружуван од Хоакин Гарсиас на клавијтури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинас на тапани.

Додека го чекаме новиот видео запис, уживајте со аудио записот на „Time Goes By“!

 



Врати се горе ↑