Македонија Hitmen Records front

15 октомври, 2015

Четкар ќе го слуша цела Југоисточна Азија

Најпознатата музичка куќа во Југоисточна Азија за џез и соул музика, „Хитмен џез рекордс“, издаде компилација на која се најдоа повеќе познати интернационални музички имиња меѓу кои и Греми добитникот Грегори Портер. На оваа компилација, со своја авторска тема се најде и нашиот познат џез музичар Владимир Четкар. Неговата песна „Time Goes By“, чиј видео запис беше промовиран неодамна, е сместена во компилацијата под број 7. Компилацијата е физички дистрибуирана низ цела Југоисточна Азија.

 


Врати се горе ↑