Македонија Vladimir Cetkar WEH

18 мај, 2015

Четкар ја започнува турнејата во САД и Канада

Нашиот познат џез музичар Владимир Четкар заминува на турнеја во повеќе градови во САД и Канада. Турнејата ќе започне на 29 мај (петок) во Њујорк во „Галери Ем-си“ (Galley MC), а потоа на 5 jуни (петок) ќе дебитира во Детроит со концерт во еден од најпознатите џез клубови во американскиот мидвест, Џез кафе“, на 6 јуни (сабота) турнејата продолжува во Чикаго во „Бар 63“ и на 11 јуни (четврток ) Четкар за прв пат ќе се претстави во Канада со концерт во клубот „Севен 44“ во Торонто.

На сите настапи Владимир Четкар ќе се претстави со авторска музика и со квартет состав.

Во Њујорк Четкар ќе биде придружуван од Владан Мијатовиќ  на клавијатури, Мото Фукушима на бас и Ник Фалк на тапани, во Детроит и Чикаго ќе биде придружуван од Густаво Кортинас на тапани,  Јоакин Гарсија на клавијатури и Кит Лајлс на бас а во Торонто ќе настапи заедно со Давор Јордановски на клавијатури, Милош Ангелов на бас и Алек Секуловски на тапани.



Врати се горе ↑