Македонија 3

10 јуни, 2015

Четкар ја воодушеви публиката во Детроит и Чикаго

Минатиот петок во центарот на Детроит, во историскиот „Мјузик хол“ (Music Hall) за прв пат осамна светлечки билборд со македонски уметник, а Македонија се испромовира на прекрасен начин!

Атмосферата во Детроит, во преполниот „Џез кафе“ каде Владимир Четкар се претстави со авторска музика беше феноменална, а секоја изведена композиција на Четкар и неговиот квартет беше наградена со бурни аплаузи.

Наредниот ден Четкар имаше успешен настап и во Чикаго а овој четврток, 11 јуни, со почеток во 19.30 часот, Четкар ќе има деби концерт во Торонто во клубот „Севен 44“. Во Торонто Четкар ќе биде придружуван од Давор Јордановски на пијано, Алек Секуловски на тапани и Милош Ангелов на бас.

После оваа серија на самостојни концерти, Владимир Четкар доаѓа дома во Македонија каде концертната сезона ќе ја започне во Охрид со традиционалниот концерт во „Аквариус“ на 17 јули.



Врати се горе ↑