Галерија

12 декември, 2017

Четкар ја разигра публиката на тајландскиот остров Самуи

На 9 и 10 декември, Владимир Четкар одржа два концерта на егзотичниот тајландски остров Самуи, кои беа во рамките на еден од најголемите музички фестивалот во земјата и регионот, џез-фестивалот „Тајланд смајл“ (Thailand Smile Jazz Festival)

Cetkar TSJF 4

Со концертите на Четкар беше официјално означен почетокот на фестивалот, а атмосферата беше толку позитивна што дел од публиката, не можејќи да доседи, стана и заигра. Четкар на сцената беше придружуван од тајландскиот џез-фјужн бенд „Фанкшн“, а специјален гостин му беше тенор-саксофонистот Ко Мистер Саксмен, кој важи за еден од најпопуларните инструменталисти и композитори во Југоисточна Азија.

Cetkar TSJF 3

За Четкар ова е трета турнеја по ред оваа година во Тајланд, каде тамошните медиуми македонскиот музичар го издвојуваат како еден од најквалитетните интернационални артисти кој со својата работа, според светската критика, ги ревитализирал ејсид-џез, фанк, соул и диско жанровите“.

Cetkar TSJF5



Врати се горе ↑