Македонија

2 мај, 2018

Четкар и Пејчин на џез кај претседателот Иванов

Џез-музичарите Владимир Четкар и Дамјан Пејчиноски завчера се дружеа со претседателот Ѓорѓе Иванов, неговата сопруга Маја и синот Иван во Охрид. Тие беа гости во претседателската вила „Билјана“ за да го одбележат 30 април, светскиот ден на џезот.

„Ќеф ми беше што освен нас, поканети беа и луѓето од ’Џез-ин“, кое е најстарото џез-кафуле кај нас. Постојат од 1988 година и посветени ѝ се само на џез-музиката“, рече Четкар за „Репортер“, додавајќи дека ова не е првпат да се собираат сите заедно за џез-седенка, но дека дружбите најчесто се во Скопје.

„Овој пат се сретнавме во Охрид, градот во кој сме родени Дамјан и јас“, дополни светски познатиот џезер, чиј редовен гостин на неговите настапи е токму претседателот Иванов.

Celebrating the International jazz day at the Presidential Villa Biljana here in Ohrid. Big thanks to the President of…

Gepostet von Damjan Pejcinoski am Montag, 30. April 2018

 

Како и секогаш, освен за уживање, претстојот во Македонија Четкар го користи и за свирки низ земјата, така што пред да замине за Чикаго, викендов ќе настапи во Скопје и во Битола. Имено, в петок (4 мај) со неговата музика ќе уживаат посетителите во кафулето „Круг, а в сабота (5 мај) со попладневен концерт ќе уживаат битолчани во вино-барот „Буре

Гитарскиот виртуоз пак, кој периодов е актуелен со инструменталната верзија на „Ти не дојде“ од Каролина, е исто така активен со настапи како дел од дуото „Шајн“, а заедно со колегата Јордан Манов викендов ќе ги слушаат неготинци и штипјани.



Врати се горе ↑