4 јануари, 2014

Четкар го претстави видео записот за „Heavenly“

Нашиот светски познат џез музичар Владимир Четкар вчера премиерно го претстави својот нов видео запис за песната „Heavenly“ од истоимениот албум кој недамна се издаде во Јапонија, еден од најголемите музички пазари во светот. Јапонската критика  со воодушевување го опиша албумот на Четкар како ‘Раѓањето на новиот винтиџ звук’ и ‘Големо ремек – дело’ (линк 1линк 2).

Видеото е снимено на повеќе локации низ Њујорк (Менхетен и Бруклин), а во него гостува и светската диџеј и продуцентска ѕвезда Димитри Фром Париз, кој важи за еден од најценетите и најпосакуваните ремиксери во светот и кој направи две ремикс верзии на „Heavenly“ кои исто така се наоѓаат на новиот албум на Четкар.

Албумот наскоро ќе биде објавен во Европа и во САД .



Врати се горе ↑