Македонија 15442305_10154658430133819_7990337805128608095_n

17 декември, 2016

Четкар го отвори меѓународниот џез фестивал на „Ауди“ во Камбоџа

Владимир Четкар оваа недела го отвори меѓународниот џез фестивал „Пном пен“ во Камбоџа. Патрон на фестивалот беше автомобилската компанија „Ауди“, а на отварањето на кое можеше да се присуствува само со покани беше присутен дипломатскиот кор, приватниот бизнис сектор и членови на кралското семејство на Камбоџа.

15349717_10154649656633819_2204050547923367044_n

Концертот на Владимир Четкар го најави францускиот амбасадор во Камбоџа, Жан Клод Поимбуф, и доби феноменални критики од повеќе национални медиуми во земјата, но и од интернационални медиуми како францускиот „Л пти журнал“ (Le petit journal), кој меѓу другото за македонскиот џез соул фанк артист го напиша следното:

 „Неговата изведба беше извондредна од секој аспект. Во фанк-соул стил, близок до оној на Џорџ Бенсон и со влијание на диско ерата на 70-тите, артистот со својата енергија успешно искомуницира со публиката која на почеток на настанот изгледаше како да не беше доволно фокусирана. Потребно е многу енергија и страст за да се направат вакви два музички сета со толку високо ниво на квалитет и покрај тоа што акустиката во салата на Ауди не е најидеална за музицирање. Во еден момент таа вечер, Четкар со чист балкански стил успеа да ги собере сите гости заедно на подиумот и да ги натера да играат и пеат…“

15391154_10154658430558819_337748103367988133_n

Пред концертот во Камбоџа, македонскиот музичар имаше два концерти во Малезија, во Пенанг на меѓународниот џез фестивал „Пенанг“ и во музичкиот клуб „Лондри“ во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.

На концертите во Малезија и Камбоџа тој беше прудружуван од Бено Сатлер, Енди Питерсон, Маркус Хо и Крис Супагит. Четкар со азиската турнеја која е подржана од министерството за култура на Македонија наскоро продолжува во Бомбај, Индија каде на 25 декември ќе настапи на фестивалот „Муд индиго“, најголемиот музички колеџ фестивал во Азија.

15401087_10154658437583819_4944535179914190688_n

Извор: OhridNews



Врати се горе ↑