20 декември, 2016

Четкар ги воодушеви Кинезите

Во рамките на големата азиска турнеја, Владимир Четкар во септември настапи на меѓународниот џез фестивал „Беишан“ во Кина, каде што ја разигра публиката со своите најголеми хитови. Дел од атмосферата токму од овој настап може да се види во новото видео што музичарот го објави на Јутјуб.

Четкар деновиве го отвори и џез фестивалот во Камбоџа, каде што настапуваше пред кралското семејство, а до крајот на годинава, на 23 и 24 декември, го очекуваат уште два концерта во Мумбаи, Индија.



Врати се горе ↑