Аудио

3 мај, 2019

Четкар ѝ посвети песна на охридската „Јагула“

Владимир Четкар периодов го промовира својот нов албум „Going Home“, кој го објави во март годинава и на кој се сместени сингловите „Travel The World“, „Come With Мe“ и „Joyride“, а сега на ред стигна уште една инструментална композиција посветена на неверојатната Одисеја на охридската јагула.

„Миграцијата на европските јагули меѓу слатководните живеалишта во Европа и Северна Африка и нивните мрестилишта во Саргасовото море е една од неоткриените мистерии во животинската навигација“, напиша Четкар споделувајќи го новиот сингл насловен едноставно „Јагула“.

Во рамките на промоцијата на новиот албум, Четкар досега одржа два коцерта во Њујорк и во Чикаго, а во јуни го очекуваат настапите во Детроит и во Кливленд. Традиционално, музичарот дел од летниот период го поминува во родниот Охрид, па сигурни сме дека наскоро ќе закаже настапи и на домашен терен.

Како звучи неговата песна посветена на охридската јагула, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑