Свет Eurovision 2013 sweden

6 декември, 2012

Четири земји се повлекуваат од Евровизија

Грција, Португалија, Полска и Кипар дефинитивно се откажаа од Евровизија. Иако евровизиската еуфорија веќе започна, а првите влезници беа продадени за дваесетина минути откако беа пуштени во продажба, сепак овие земји решија да се повлечат од овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

Во соопштенијата на Грција и Кипар се вели дека немале пари, па затоа не би бил морален чекор во овој момент да трошат пари на такви работи. Португалија и Полска за нивното повлекување објавија уште пред две недели, со образложение дека не би можеле да си дозволат победа, која би ги чинела околу 60 милиони фунти, а и партиципацијата за учество од 100 000 евра им се чини премногу во овој момент.

Интересно е тоа што Португалија веќе 46 пати до сега настапувала на Евровизија, но свесни за тешката финансиска состојба, оваа година ќе ја прекине традицијата и нема да прати свој претставник на овој популарен музички натпревар.

Неодамна е објавено и дека се чека на одлуката од Словенија, уште една земја која се двоуми дали да се повлече од Евросонгот кој ќе се одржи во Малме, Шведска следната година.

Македонија веќе го потврди нејзиното учество, а деталите околу изборот ќе се дознаат деновиве.



Врати се горе ↑