21 октомври, 2017

Четири девојчиња ја пеат „Слушам кај шумат шумите“

Веќе е добро познато дека со секоја преработка се продолжува животниот век на една песна, а кога станува збор за народните песни, изведбите од помлади изведувачи уште повеќе ја доближуваат оваа музика до најмладите генерации.

Доказ за тоа е и ова слатко видео објавено од „Некст тајм“, во кое четири преслатки девојчиња ја пеат „Слушам кај шумат шумите“, чија одлична преработка од браќата Филиповски неодамна ја воодушеви македонската публика.

„Една од главните причини зошто се обработуваат овие стари народни изворни песни“, напишаа момците споделувајќи го видеото од веселата дружина, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете овде (предупредување, видеото започнува гласно!).



Врати се горе ↑